Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од основното училиште „Христијан Карпош„ во населбата „Перо Чичо„ со еко-маскенбал го одбележаа Денот на шегата.
Пролетен цвет, шума, книга, штурчиња, ѓубраџии беа само дел од маските, кои се претставија на маскенбалот, кој се одржа во спортската сала на училиштето пред наставниците и родителите.
„На маскенбалот земаа учество околу 200 ученика. Учествуваа ученици од прво до шесто одделние со групни маски, кои ги изработија со помош на наставниците и родителите. Цел на овој еко маскенбал е да се види дека може да се изработат убави и квалитетни маски од рециклирачки материјал. Користено е хартија, пластика и стакло.“- изјави директорката на училиштето Лидија Костиќ.
На маскенбалот учествуваа и ученици од подрачните училишта во селата Тромеѓа и населбата Иго Тричковиќ.
Наставниците се задоволни од инвентивноста на учениците и се надеваат дека маскенбалот ќе стане традицинален и ќе се збогати во наредните години.
М.Нацевска