„Еко модна ревија“ во „Перо Наков“
„Одговорната мода започнува од она што веќе го имаме“ е мотото на модната ревија која утре ќе се одржи во Средното општинско училиште „Перо Наков“ во Куманово.
Ревијата е подготвена од учениците и професорите на училиштето, со цел да испрати порака дека преку реупотреба и редизајн на старите парчиња облека може да се создадат нови модни креации со дополнителна вредност.
Во рамки на настанот ќе бидат претставени четири тематски целини инспирирани од годишните времиња – пролет, лето, есен и зима.
„Еко модната ревија“ е посветена на подигнување на свеста за влијанието на текстилната индустрија врз животната средина и поттикнување на одговорен однос кон модата и природата.
Ревијата е закажана за 18 часот во холот на училиштето.
Во четврток во Уметничката галерија во Куманово со почеток во 19 часот ќе се одржи изложба на слики Уметничка сензација.
(фото: архива Кумановоњуз - ревија 2025)