×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Еко Зона„ ќе управува со цврст отпад

    14.03.2012 16:15 | KumanovoNews

    Jавно претпријатие "Еко Зона" Куманово ќе отпочнeсо работа по завршување на регионалната студија за управување со цврст отпад.

    „Еко Зона„ ќе управува со цврст отпад

     Градоначалниците на шестте општини на Североисточниот плански регион денеска разговараа за работата на заедничкото јавно претпријатие "Еко Зона" Куманово , кое веќе е формирано, но се чека за отпочнување со работа по завршувањето на регионалната студија за управување со цврст отпад.

    "Освен студијата, потребно е да се формираат и регионални тела за управување со цврст отпад. Националата програма предвидува регионален пристап кон отпадот, а регионалното тело треба да ги води сите процеси"-вели градоначалникот Зоран Дамјановски, претседателот на Североисточниот плански регион.

    На денешната седница присуствуваа и претставници од министертвото за животна средина и просторно планирање.

    "Ова е прв чекор за продолжување на проектите,во североисточниот плански регион веќе тече проектот за зајакнување на капцитетите за управување со цврст отпад, а во подготовка е  вториот проект од компоненета три за регионален развој, планови, стратешка оценка за влијанието на  плановите, а дури потоа ќе следат инфрструктурни проекти. Но пред да се аплицира ќе мора да се подготват овие стратешки документи"-вели Ана Каранфилова Мазневска, раководителот на Секторот за управување со отпад од Министертвото за екологија.

    Североисточниот плански регион донесе одлука за користење на средства од ИПА фондовите за управување со цврст отпад на регионално ниво.