Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Mинистерот за здравство Никола Тодоров со членови од неговиот кабинет по полноќ, ненајавено ја посетиле Општата болница во Куманово.
Како што неофицијално дознаваме, при нанадејната контрола бил затекнат доктор како спие на работното место за време на дежурството, медицински персонал кој не го почитувал Законот за пушење на едно од одделенијата, а биле забележани и неколку пациенти со цигари во рака.
Полноќната контрола утврдидила дека не е во функција тетра-радиостаницата која е наменета за комуникација меѓу Итната медицинска помош и Ургентниот центар во Општа болница Куманово.
Како што ни откриваат вработени кои ноќеска ја следеле ненадејната посета, министерот Тодоров ги посетил Ургентниот центар, одделенијата за интерна медицина, педијатрија, гинекологија, но не знаат дали се сретнал со директорот.
Кумановоњус дојде и до ексклузивни фотографии од посетата.