×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Екслузивните производи на Grohe во Casa Mia-ДБД

    20.11.2014 10:26 | KumanovoNews

    Една од најуспешните компании во градот Casa Mia-ДБД започна соработка со уште еден светски бренд.

    Екслузивните производи на Grohe во Casa Mia-ДБД

    Имено, ДБД пред две недели потпиша договор со брендот Грое, најпознатата германска фабрика за производство на батерии, тушеви, вградни казанчиња и галантерија за бањи.

    Фирмата постои од 1936 година на светскиот пазар. Самиот факт дека успешно опстојуваат повеќе од 80 години заборува за каков квалитет се работи. Тие се една од најпознатите и најпризнаени фирми, а нивните производи се користат во најлуксузните хотели во светот. Ние кака Casa Mia-ДБД ја добивме нивната доверба и во иднина сме генерални застапници на нивните производи,- вели сопственикот Бобан Доневски.

    Промоцијата на новите производи беше искористена да се претстави и целокупниот асортиман на производи на Casa Mia, кои во изминатите години се наметанаа на македонскиот и регионалниот пазар.

    Casa Mia и ДБД располага со високо квалитетна санитарија од познатите брендови, Витра, Рока, Гиберитис, Туркуас за кои даваме гаранција од 5 до 10 години. Тие досега беа одлично прифатени од нашите клиенти, но сега го збогатуваме асортиманот со уште еден екслузивен бренд. Производите на Грое, во однос на другите, се разликуваат во квалитетот на механизамот и гаранцијата на производите која важи 20 години, - вели Емилија Младеновска, проектант во ДБД.

    ДБД секогаш е во чекот со времето и постојано ги следи светските трендови на ексклузивна санитарија. Во компанијата ја очекуваат новата колекција на 2014/2015 од брендот Витра, кој покрај саниратија ќе содржи и мебел за бањи.

    ДБД по повод промоцијата на новиот деловен партнер за своите соработници, пријатели и купувачи, организираше коктел и дружење со групата Супер хикс.