Есенска средба на кумановски и скопски акцијаши
23.11.2015 09:25
| KumanovoNews
Есенска средба на кумановски и скопски акцијаши викендов се одржа во Скопје.

Бидејќи овој месец е месец на Денот на дрвото, ветераните и подмладокот на двете здруженија одржаа пријателска средба и засадија садници.
Покрај дружењето беа засадени и зимзелени дрвца како симбол на пријателството помеѓу двете здруженија. Покрај тоа двете здруженија се договорија и за наредните заеднички активности кои ќе ги овозможи малото растојание помеѓу Скопје и Куманово - вели Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.
„Кумановски акцијаши“ соработуваат со здруженија со слична дејност во и надвор од државата.