Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставници од германската фирма “Еос Матрикс“, која работи со финансиски консалтинг на македонскиот пазар, денеска беа во работна посета на Еуро колеџ, со цел да воспостават соработка со студенти како практиканти.
Моја идеја од пред една година е да донесам луѓе од пракса, да им ја отворам вратата за влез во бизнис секторот. Ова што го договоривме со асистентот на човекови ресурси од „Еос Матрикс„ е добар начин да склучиме договор, а понатаму ќе пратиме практиканти, ќе направат едно еваулирање, и најдобрите студенти на крајот ќе имаат одреден период на работа, по што може да дојде до трајно вработување. Им даваме шанса да се покажат, се зависи од нив - изјави доц. д-р Синиша Наумовски од Еуро колеџ.
Тој вели дека целта е студентите да имаат практична работа, а не само класични предавања. На оваа фирма ќе и бидат неопходни кадри, студенти на економија.
Андријана Гринтел, асистент во човечки ресурси во “Еос Матриукс“ вели дека компанијата дава финансиски услуги и работи на подрачје на цела Југоисточна Европа и пошироко.