×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Еуро колеџ“ додели дипломи на нова генерација студенти

    04.12.2013 14:06 | KumanovoNews

    “Еуро колеџ“ додели дипломи на 80 дипломирани студенти од 7 - та генерација.

    “Еуро колеџ“ додели дипломи на нова генерација студенти

    Студентите велат дека нивните очекувања за квалитетно образование се исполнети и очекуваат што поскоро да се вработат.

    Многу сум задоволна од “Еуро колеџ“ како образовна установа. Ми пружи се што сакав кога се запишував. Образованието беше на високо ниво, професорите беа многу добри, пријателски настроени кон нас. Обрнувавме внимание на теоријата и на практичниот дел исто така. Се надевам дека дипломата многу ќе ми помогне и планирам образованието да го продолжам тука - изјави Драгана Тошевска, дипломиран економист по бизнис и администрација.

    Деканот на “Еуро колеџ“, Љубиша Петрушевски објаснува дека годинава ја запишале десетата генерација студенти, вклучувајќи ги тука и студентите од Дубаи и се презадоволни од интересот.

    Веќе почнуваме да размислуваме за учебна 2014 / 2015 година која ни е приоритет уште сега. Да осмислиме една кампања. Ние на 11 ноември 2003 година го основавме “Еуро колеџ“  и оваа година ќе биде за нас празнична. Оваа подготовка што ја правиме ќе кулминира во пролет кога очекуваме сите наши партнери од Америка, Дубаи, Витенам, Азија и заедно со сите европски партнери да направиме една голема свеченост. Да прославиме десет годишнина не само од постоење на “Еуро колеџ“, туку и десетгодишнина од постоење на високото образование во Куманово. - вели Петрушевски.

    Тој додава дека имаат договор за соработка со универзитет од Калифорнија и од наредната година студентите ќе можат паралелно да студираат и на македонски и на англиски јазик. Ова е особено погодно за нашите граѓани кои сакаат да се преселат или да работат во Америка и тие ќе можат да се стекнат со американска диплома.