„Еуро Колеџ“ одбележа 12 години постоење
Приватната високообразовна установа “Еуро Колеџ“ одбележува 12 години постоење и успешна работа.

Установата е основана на 11 ноември 2003 година. Досега запишале 12 генерации студенти, а во декември ќе бидат доделени дипломи на 9-та генерација.
Влегуваме во 13-та година, како фирма значи влегуваме веќе во некоја зрелост. Со нашата работа веќе успеавме да се наметнеме во градот, луѓето да сфатат дека “Еуро Колеџ“ е реалност. Дванаесет години работиме со странски високообразовни институции, а од 2008 година сме и акредитирани. Направивме еден круг. Куманово едноставно има една високообразовна установа. Во Куманово може да се учи високо образование. Се надеваме дека во идниот период ќе можеме малку позрело да настапиме на пазарот. Од пред некое време сме акредитирани за образование за возрасни, за кратки курсеви - изјави деканот Љубиша Петрушевски.
„Еуро Колеџ“ ја имплементира Еразмус програмата, а во иднина ќе се фокусира на учество во европски проекти и соработка со универзитети од целиот свет. Петрушевски кажа дека „Еуро Колеџ“ ќе биде синоним не само за установа каде може да се добие диплома, туку и место каде може да се побара совет за бизнис.