Евангелистичко-протестанската црква подели пакетчиња на стечајците
Евангелско-протестантската Црква Божја денеска на педесет стечајни работници подели пакетчиња.

Пакетчињата се наменети за нивните внуци, а со цел да им ги честитаат Нова година и Божиќ со мало задоцнување. Од Црква Божја велат дека следната година ќе донираат за повеќе стечајни работници во повеќе градови.
Ова е еден мал белег, една мала пратка чисто да оставиме траг дека и ние мислиме на нив. Се надевам дека за другата година ќе направиме поголем проект и поголема пратка да сите стечајци бидат задоволени. Ние сме благодарни што можеме во чест на Христовото раѓање да поделиме, да се радуваат малите дечиња. Догодина ако се 1000, ќе гледаме да поделиме 1000 да сите стечајци ги задоволиме. Сето ова се донации од наши луѓе, од сестрински цркви ширум светот, најголем дел од Западна Европа, од Америка“-рече пасторот на Црква Божја, Зоран Колевски.
Претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска се заблагодари за донацијата и што се сетиле од црквата на нив. Таа е разочарана затоа што власта не ги обештети и се надева дека кај политичарите ќе проработи свеста за решавање на статусот на стечајците.
Бараме да се обештетат стечајци, жени со 52 години и мажи со 55 години. Со тоа да се признае стаж во книшка заведен, нели има закон од Владата за откуп на стаж, а ние го имаме тој стаж. Јас сум песимист. Додека е оваа Влада нема спас за нас. Ќе почнеме со блокади на улици, крстосници, ќе бидеме здодевни. Да ни пружат еден живот. Не можеме да бидеме ние нормални граѓани на ова општество, ама да ни дадат 6000-7000 денари колку толку - изјави таа.
Георгиевска додава дека смртноста кај нив е голема и од 6000 сега се сведени на 4000 стечајни работници за три години. Таа вели дека и од следната власт ќе инсистираат на обштетување.