×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Евроамбасадорот Рохас во посета на Куманово

    23.01.2025 15:23 | Оливера Пешевска

    Во посета на Куманово денеска беше Михалис Рокас, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија, како дел од серија посети на општините во државата.

    Евроамбасадорот Рохас во посета на Куманово

    Тој оствари средби со градоначалникот, советниците и невладиниот сектор на кои се разговараше за предизвиците со кои се среќаваат граѓаните. Амбасадорот нагласи дека ова е прва посета на Куманово, за да се информира за предизвиците со кои се соочува општината.

    „Имаме многу проекти, особено во клучни области, значајни за граѓаните на Куманово, како на пример прашањето за управување со отпад, иницијативи за чист воздух и многу други. Постојат и безброј можности за да се направат многу работи, вклучувајќи ги европските инвестиции во градот. Да не заборавиме дека Куманово е на стратешки важно место, на крстопат меѓу коридор 8 и 10, кои имаат важно економско значење за ЕУ и можностите таму.  Ако се земе во предвид и вистинскиот моментум на проширување на унијата, ова е момент на можности кои би требало сите да го зграпчиме“, истакна Рохас.

    На средбата во кабинетот на градоначалникот Димитриевски гостите поблиску биле запознаени со состојбите во општината, стопанството, развојот на новата индустриска зона, соживотот, мултиетничкото општество.

    „Европската унија е најголемиот донатор во историјата на Куманово, општината има за цел да се трансформира и реално да стане еден европски град. Силно го поддржува нашиот пат и полноправно членство во ЕУ и се надеваме сите дека еднострано наметнати проблеми кои доаѓаат од страна ќе бидат надминати, за да еден ден кумановци да можат да бидат полноправни и во вистинска смисла на зборот граѓани на ЕУ. Сите ние се чувствуваме како европејци, родени сме во Европа и нашето место е во унијата. Знаеме дека евроамбасадорот силно ја поддржува ова идеја и заедно со неговиот тим дава несебичен придонес за реализирање на тие наши стратешки цели“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    На средбата со советниците на амбасадорот му биле поставени прашања за мигрантите, управување со комунален отпад, за проекти и програми за згрижување на стари лица, за зелената агенда и енергетски- ефикасни начини на добивање на енергија. Советниците не се задржале само на локални проблеми, туку се интересираа и за ангажираноста на унијата за решавање на прашања од државен интерес.