×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Европските моторџии донесоа медицинска опрема во Куманово

    31.05.2014 16:18 | KumanovoNews

    Пет шлепери медицинска опрема доби Куманово од европските моторџии. Опремата е наменета за Општата болница, Домот за стари лица Зафир Сајто и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.

    Европските моторџии донесоа медицинска опрема во Куманово

    Пратката содржи медицински апарати и опрема, потрошен медицински матејал, кревети, инвалидски колички, облека, спортска опрема и др. Донацијата ја обезбедија моторскиот клуб Евро-бајкерс од Германија во соработка моторџиите од клубот Мечки од Куманово.

    Од пред неколку години нашето хоби возење на мотор и запознавање на нови територии го поврзавме со хуманитарна дејност и обезбедување на хуманитарна помош. Во овој конвој се вклучени 17 камиони од кои 5 се наменети за Куманово, а останатите се за Косово и Албанија. Не ја знам точната вредност на пратката бидејќи се работи за опрема која е користена во Германија, но таа е употреблива и може да најде примена во медицинските установи - изјави др. Херман Мунцел, претседател на моторџискиот клуб Бајкер Брумихилфе во Германија.

    Донацијата денеска ја прими директорот на Општата болница Куманово Ариф Латифи, кој се заблагодари на донаторите во има на вработените.

    Ова е една од најголемите донации што досега е примена во нашата здравставена установа. Таа многу значи за нас и за нашите пациенти, бидејќи квалитетот на здравствените услуги во болницата ќе бидат на повисоко ниво. Со пратката добивме ехо-апарати, рентген апарати, гастроскопи, оперциони маси, светла. Ова за неа е од голема помош. Опремата ќе биде распределена на сите одделенија - изјави Латифи.

    Во Куманово од вчера престојуваат над 500 моторџии од 40 клубови од Балканот и Европа, кои присуствуваат на Мото-рок фест што се одржува на Спомен костурницата.

    Имавме среќа да се запознаме со овие прекрасни луѓе и да започне нашата соработа која заврши со оваа хуманитарна помош. Вечерва имаме на гости членови на клубови од Швајцарија, Германија, Грција, Турција, Албанија и другите балкански земји. Моторџиите од Германија тргнаа со хуманитарниот конвјот на 27 мај и денеска пристигнаа во Куманово, па потоа ќе продолжиме во Косово и Албанија. Многу им благодариме и се надеваме дека соработката ќе продолжи и наредните години бидејќи ова е 14 акција по ред - изјави Јовица Гиновски, претседател на мото-клубот Мечки.

    Општината Куманово помогна со финасиски сретства да се спроведе акцијата.

    Ние дадовме подршка на овој проект и сметам дека овој гест е за секоја пофалба.Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи бидејќи ова е четврта голема донација во градот.Пред неколку години успејавме преку македонско-американското здружение да донесовме 4 хуманитарни пратки,а пред тоа од Германија. Ќе продолжиме и понатаму да го подржуваме се што е во интерес на граѓаните - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Донацијата е под покровителство на Европскиот парламент и министерот за надворешни работи на Германија, а целта е моторџиите од Европа да помагаат и на земјите кои се надвор од ЕУ. Акцијата се спроведува под мотото Солидарност и интеграција на Балканот. На денешното предавање на помошта присуствуваше и германската амбасадорка.