Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во меморијалниот центар Пелинце, денеска започна семинарот на раководители – диригенти на тамбурашки оркестри, членки на Европски тамбураски сојуз. Семинарот ќе трае два дена, а учествуваат претставници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Целта на семинарот е да се потикне тамбурашкото движење во Македонија. Седум години по ред ние го организираме тамбурашкиот фестивал, а ова е една од содржините кои ги има Европскиот тамбурашки сојуз, покрај младинскиот камп за тамбураши. За првпат се организира ваков семинар и кај нас, а ќе биде презентирана стручна музичка литература за тамбурашки состави од познати диригенти, корепетитори и шефови на оркестри од речиси сите држави каде се свири тамбурата. Тука се познати професоти од Бања Лука, Суботица и други градеови- рече Нино Величковски, уметнички директор на фестивалот.
Семинарот го отвори градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој ги поздрави гостите и посакак успешна соработка.
Куманово се промовира како лидер на тамбурашката музика во Македонија, благодарарение на овие eнтузијасти кои пред една декада се собраа и почнаа да ја негуваат оваа музика.Започнаа со аматерска другарска дружба, за да полека но сигурно прераснат во сериозен состав и ансамбл, кој во 2005 година даде иницијатива за одржување на меѓународен фестивал. Локалната самоуправа и јас како градоначалник дадовме целосна подршка и денеска сите се гордееме со достигнувањата што ги направија двата најдобри состава во Македонија, „Кумановски тамбураши„ и групата „Гезме„ - рече градоначалникот Дамјановски.
Европскиот тамбурашки сојуз додели плакета на градоначалникот Дамјановски за дадената помош и укажаната подршка во нивната работа.
Присуството на медиумите беше искористено организаторите да ги повикаат граѓаните во петок и сабота да дојдат на седмиот меѓународен тамбурашки фестивал на кој главни гости се Крунослав Киќо Слабинац и групата Гарави сокак.