×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фатен насилникот кој ја избоде со нож сопругата

    23.02.2013 13:00 | KumanovoNews

     Мартин Д.(27) од Куманово е уапсен во Скопје, под сомнение дека ја избол со нож неговата сопруга.

    Фатен насилникот кој ја избоде со нож сопругата

    Тој денеска околу 16 часот ќе биде изведен пред истражен судија со кривична пријава за “убиство во обид“. Повредената сопруга е сместена на скопските клиники, состојбата и е стабилна, но сеуште во животна опасност, велат од кумановската полиција.

    Млада кумановка вчера била избодена со нож од нејзиниот сопруг затоа што го оставила. Семејната драма започнала завчера кога кога А.Д.(20) му соопштила на сопругот дека не може повеќе да живее со него и сака да се врати кај нејзините родители. Изреволтиран од она што го слушнал тој ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото, и се заканил дека ќе ја убие ако ја реализира замислата. Неможејќи да го издржи ќотекот, несреќната жена ветила дека ќе остане со него само да престане со изживувањето.Кога мажот излегол од дома таа го повикала татко и и го пријавиле случајот во полиција.

    Мартин бил приведен во СВР Куманово, а по консултации со Основното јавно обвинителство бил пуштен. Откако повторно бил слободен тргнал во крвавиот поход.

    Вчера во 9 часот, отишол во куќата на родителите на А.Д. во населбата Добрешане и веднаш ја нападнал незаштитената жена. Извадил нож и почнал да ја прободува, а кога нејзината мајка се обидела да го спречи, тој ја пресекол по раката. Жената излегла од собата да го повика сопругот да и помогне, а насилникот нанел 20 убоди во градите на нејзината ќерка. Потоа побегнал.  

    Родителите ја пренеле повредената во Кумановската болница, каде било утврдено дека има 20 убоди од нож во градниот кош. Поради сериозноста на повредите пренесена е во Ургентниот центар во Скопје.