Фатен осуденик за 20 дена затвор
04.01.2015 12:44
| KumanovoNews
Р.А.(49) од липковското село Отља, кој се бара за издржување казна затвор, вчера е уапсен на граничниот премин Табановце во обид да ја напушти државата.

По приведувањето тој е спроведен до КПУ Затвор-Куманово во селото Кшање, за издржување на казна затвор во траење од 20 дена.