Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Р.Ј. (32) од селото Ропаљце, липковско е приведен во кумановската полиција под сомнение дека мината недела го убил Шериф Салиху (29) од истото село и го фрлил во нива со жито во атарот на Ново Село.
Против него е поднесена кривична пријава за убиство и недозволено поседување на оружје, по што ќе биде изведен пред Истражен судија во Основниот суд Куманово.
Беживотното тело на Слиху беше пронајдено мината среда со прострелна рана во стомакот, откако предходниот ден неговото семејство пријавило дека тој исчезнал од дома. Братучедму го пронашол напуштен неговиот автомобил голф, а со полициски кучиња трагачи било пронајдено и телото. Како причина за убиството се наведуваа нерашчистени должничко-доверителски односи со друго семејство од Ропаљце. Салиху бил убиен со автоматска пушка и покрај телото беше пронајдена една чаура.Полицијата веднаш по инцидентот соопшти дека има индиции кој го извршил убиството и трага по сторителот.