Фатени мигранти во камион на стариот пат Скопје-Куманово
09.01.2016 10:46
| KumanovoNews
Мигранти во напуштен камион вчера се откриени околу 11 часот на стариот пат Скопје - Куманово.

Во напуштениот камион се најдени 34 мигранти. Од нив 16 се од Ирак и бидејќи не се сметаат за економски мигранти се префрлени во кампот во Табановце. Меѓу мигрантите имало жени и деца. Од полицијата велат дека постапувале по пријава на граѓанин кој се движел на оваа локација.
Тројца од мигрантите се во прифатниот центар во Гази баба и ќе бидат сведоци во судска постапка за случајот, а 15 од мигрантите се од Иран и тие веднаш побарале азил во Македонија. Полицијата трага по возачот кој го оставил камионот со мигранти и избегал.