×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фекалиите од затворот К`шање ќе се пречистуваат во Куманово

    24.11.2014 10:33 | KumanovoNews

    Фекалиите од затворот К`шање ќе се преработуваат во пречистителната станица за отпадни води на ЈП „Водовод„ Куманово.

    Фекалиите од затворот К`шање ќе се пречистуваат во Куманово

    Раководството на затворот, пред неколку дена побарало од јавното претпријатие понуда за извршување на услугата, како единствена специјализирана станица во регионот што ја врши оваа дејност, пренесува весникот Вест.

    Ние во петокот пративме понуда со сите поединости за нашата услуга пречистување на отпадни води во пречистителната станица и сега очекуваме тие ја да разгледаат, и во договор со нивните претпоставени да одлучат што ќе прифатат. Тоа конкренто значи по која цена, колкава количина на фекалии, кој ќе го организира транспортот и за кој временски период, - велат од ЈП „Водовод„.

    Ако се постигне договор помеѓу јавното претпријатие и затворот конечно ќе се реши проблемот во К`шање, откако жителите од селото се соочија со поплави од отпадните води на затворениците. Селаните се жалат дека вишокот вода од затворот наместо да се носи надвор од селото се испуштаат во нивните ниви. Неодговорноста одела дотаму што дури и водата со која се миела цистерната од фекалии ја истурале на селскиот пат, па неподнослива смрдеа се ширела на сите страни.

    Имаат една искршена цистерна со која ја изнесуваат водата. Половина од водата истекува по патот додека ја возат, а тоа што ќе остане го истураат каде што ќе стигнат. Најчесто тоа го прават на кривината пред да се исклучите од патот за К`шање, таму, има шума и проширување за паркинг. Ќе ја пуштаат водата и таа си тече по околните ниви. Целиот имот ни потона во фекалии, пливаме во смрдлива вода, - се жали семејството што живее веднаш до затворот.

    Некои од луѓето се сомневаат дека отпадната вода повремено завршува и во реките во Куманово и Свети Николе, бидејќи нема каде на друго место да ја пуштаат, кога не ја носат во пречистителна станица.

    Казнено поправниот дом „Куманово„, со отворено одделени Крива Палканка во село К`шање, беше свечено предаен во употреба во октомври мината година. Брзо по отпочнување со работата се соочи со проблемот на отпадните води.  Септичките јами во затворот немаат капацитет да ја соберат водата што се испушта од затворските објекти, поради што се прелева во нивите и предизвикува поплави на селските имоти.