×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фестивал на планински филм „Ехо“ во Центарот за култура во Куманово

    27.11.2024 14:33 | KumanovoNews

    Фестивалот на планински филм „Ехо“ ќе гостува утревечер во 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Фестивал на планински филм „Ехо“ во Центарот за култура во Куманово

    Публиката ќе има можност да види 6 филма, создадени од автори од Македонија, Франција, Италија, Шведска, Унгарија и Полска, а сите се создадени од планинари- ентузијасти и авантуристи во спортот.

    Филмовите раскажуваат приказни од планината, а се однесуваат на планинарењето, обработуваат еколошки теми и даваат осврт на екстремните планински спортови.

    Програмата е поделена, во првиот дел ќе бидат прикажани филмовите „Тивок Сведок“, на Димитар Тодоровски од Македонија, „Патување на животoт“ на Жером Танон од  Франција и „Горе на врвот“ од Џовани Гроси, Италија, сите продуцирани во 2024.

    По паузата публиката ќе има можност да ги погледне „Последните набљудувачи“ на Маја, Карслон, Шведска и „Експедицијата на Етвеш“ од Бенце Катаи, Унгарија, создадени во 2024, како и „Тивкото бегство“ Освалд Родриго Переира од Полска, продуциран минатата 2023 година.

    „Фесивалот „Ехо“ во Скопје трае по една недела, но организаторите прават селекција која се прикажува на публиката во Куманово, но и во останатите градови во државата“, истакна Марјан Милановски, претседател на друштвото „Козјак 2013“.

    Локалното здружение за планинарење има партерски однос со фестивалот „Ехо“, а настанот заеднички го организираат по трет пат во Куманово. Од тука и тргнува филмската турнеја низ други градови од Македонија.

    Ова година е 15-то издание на Фестивалот за планински филм „Ехо“.

    Влезот е слободен за сите заинтересирани.