Мени

Филип Филиповски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

19.05.2026 09:48 | KumanovoNews

Филип Филиповски е избран за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Филип Филиповски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Бобан Николовски.

„Постојат функции што не се мерат со титули, туку со посветеност и со одговорност. Изборот за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово за мене не е момент за формалности, туку обврска да се работи повеќе, подобро и тимски. Благодарен сум за довербата од лидерот Христијан Мицкоски, и од Извршниот комитет, доверба што се оправдува со работа, а не со пароли. Продолжуваме без многу врева, но со јасна цел - Општински комитет што се движи напред: со идеи, со енергија и со резултати“, објави Филиповски. 

Филиповски  е економист и директорот на ЈП „Водостопанство“.