500x100-1
27. 01. 2020 16:20

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски повторно пред кумановската публика

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски повторно пред кумановската публика

Во Театар Куманово, наредниот понеделник (3 февруари) со почеток во 18 часот, повторно ќе биде прикажан филмот „Врба“, во режија на Милчо Манчевски.

„Врба“ е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Се снимаше претходната година два месеца (октомври и ноември) во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје.

Овој филм зборува за лојалноста, љубовта, довербата и мајчинството, филм кој спојува приказни за три млади мајки – едната се случува во 17 век, а другите две се современи. Приказните се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.

- Јас ова веќе доволно долго го правам за да знам кога нешто што ќе направам е стварно добро и кога не е. Ова е од тие што се стварно добри. Сѐ во процесот убаво се налепи и самиот процес беше прекрасен, првпат во моето искуство по многу години,- вели режисерот Манчевски.

Актерската екипа е составена од Петар Мирчевски, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристески Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ; директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, додека пак дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба утре, а ќе можат да се купат, на билетарата во Театар Куманово.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk