Филмски грабеж во казиното Сенатор
07.04.2013 07:36
| KumanovoNews
Две лица маскирани и вооружани лица, со пиштол и автоматска пушка, го ограбиле казиното „Сенатор“.

Рaзбојништвото се случило вчера во 1.20 часот, кога разбојниците ја нападнале вработената и одзеле околу 74.000 денари. Откако ги зеле парите побегнале од казиното. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.