×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Физичкото воспитание дава резултати кај лицата со хендикеп

    19.02.2014 09:47 | KumanovoNews

    Лицата со посебни потреби три месеци посетуваат часови по физичко при што се гледаат првите резултати од физичката активност.

    Физичкото воспитание дава резултати кај лицата со хендикеп

    Очигледен е ефектот врз нивното расположение, здравјето и заинтересираноста за другите активности. На крајот на проектот повторно ќе бидат направени прегледи.  За некои од корисниците ќе има поинтензивни тренинзи.Професорите имаа доволно време да се запознаат со кондицијата на корисниците. Сега времето е убаво и ќе има повеќе активности надвор од спортските сали на отворено - вели Фросина Трајковска, координатор на проектот.

    Преку проектот на УНДП за општинско - корисна работа овие лица ќе оддржуваат часови по физичко воспитување и во наредните 6 месеци.

    Часови по физичко посетуваат вкупно 79 лица со посебни потреби од двата дневни центри во градот, а со нив работат 4 професори по физичко и еден физиотерапевт.

    Кај сите учесници постои интерес за продолжување на проектот за што дополнително ќе се разгледуваат можностите за финансирање.