Мени

Фондот за здравство и годинава ќе ги едуцира пензионерите

15.01.2016 10:28 | KumanovoNews

Фондот за здравство и оваа година ќе реализира едукативни предавања за пензионерите.

Фондот за здравство и годинава ќе ги едуцира пензионерите

Договорено е проектот „Фондот поблиску до пензионерите“ да продолжи  во текот на 2016 година во 30 градови во Македонија, меѓу кои е и Куманово, каде Фондот  има подрачна служба и каде функционира Здружение на пензионери. Во овој проект како трет партнер со кој соработуваат

ФЗОМ и Сојузот на пензионери на Македонија е Црвениот Крст на Македонија.

Проектот ќе продолжи поради добар интерес и одзив на пензионерите.