Форум за млади политичари
03.05.2011 12:12
| KumanovoNews
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, денеска во Куманово организираше форум „Свесност на партиите и одговорност на младите политичари„.

На форумот по двајца млади претставници од 16 политички партии во градот, дебатираа за улогата на младите политичари во организирање на фер и слободни избори без инциденти, нерегуларности и пресметка меѓу политичките партии и нивните активности. При тоа младите ги изнесоа своите рамислувања како ќе дејствуваат да се спречат проблемите кои се појавуваа на предходните избори.