×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Форумот на жени на СДСМ: Стоп на насилството врз жената

    25.11.2014 11:51 | KumanovoNews

    Форумот на жени на СДСМ Куманово и Локалниот клуб на млади на СДСМ, денеска на Градскиот плоштад закачуваа портокалови панделки на кумановки,  со што се приклучија на глобалната кампања за стопирање на насилството врз жените.

    Форумот на жени на СДСМ: Стоп на насилството врз жената

    Тие потсетија дека секоја трета жена трпи некаков вид на насилство, а секоја осма жена директно била жртва на насилство.

    “Во оваа прилика сакаме да апелираме и да укажеме, централната власт предводена од ВМРО - ДПМНЕ да апелира до институциите кои се под нивна надлежност, да не ни се случуваат немили појави како неодамна во општина Кавадарци. Долгогодишен семеен насилник кој бил пријавуван во МВР, во Центрите за социјални работи, и покрај пријавите не беше спречен да го изврши грозоморниот чин кој заврши со три смртни случаи во семејството на бившата сопруга“ - вели Атина Мургашанска, координаторка на Форумот на жени на СДСМ Куманово.

    Од СДСМ се надеваат дека во иднина институциите ќе спречат насилство врз жените, ќе им понудат поголема еманципација и економска сигурност.