Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фото Кино Клуб “Козјак“ во сабота на Градскиот плоштад ќе постави импровизирано студио, каде граѓаните ќе можат да се фотографираат и да донираат за лекување на Никола Вулетиќ.
Ги покануваме граѓаните да се фотографираат со нашата локална легенда Батко Ѓорѓија и да донираат средства за лекување на нашиот млад сограѓанин. Акцијата започнува во 12 часот и ќе трае до 20 часот. Сите направени фотографии веднаш ке бидат поставени на профилот на ФКК “Козјак“. Бидете дел од традицијата и бидете хумани, да покажеме дека умееме заедно и да се шегуваме, но и да помагаме - изјавија од ФКК “Козјак“.
Дел од хуманитарната акција на ФКК “Козјак“ е и аукцијата на клубски фотографии која ќе се одржи следната сабота.
Граѓаните можат да помогнат и ако свртат на телефонските броеви: Т-МОБИЛЕ 070-143-115 и ВИП 077-143-133.