×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фотографите од “Куманово“ со бројни нагрaди

    21.04.2015 09:24 | KumanovoNews

    Членовите на фото клуб “Куманово“ од почетокот на годинава, освоија бројни награди на државно и меѓународно ниво.

    Фотографите од “Куманово“ со бројни нагрaди

    Владимир Јовановски доби по две дипломи во Бугарија и Србија и една во Египет, а Марина Крстиќ се закити со бронзен медал на интернационална изложба во Србија. На олипијадата на млади техничари, Венцо Стефановски зеде прва награда на регионално ниво. Како дел од проектот “Малински фото фестивал”, на меѓуклупска изложба помеѓу “Куманово“ и фото кино клуб Битола “Тумба“, Марија Јовановска и Марина Крстиќ зедоа дипломи за своите дела.

    “Успесите од минатата, фото клуб Куманово ги продолжи и во оваа година. Ентузијазмот кој е присутен кај членовите на клубот ги потикнува да продолжат со своите творења и организирање на настани од ваков карактер, кој полека и сигурно ќе ги доведе до остварување на целта и визијата на клубот“ - велат од фото клуб “Куманово“.

    Фото клуб “Куманово“ e формиран лани и брои триесетина членови.