Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пол Сулигу, аташе за култура во Франциската амбасада, денеска го посети основно училиште „Браќа Миладиновци„, каде присуствуваше на приредбата „Читаме, пишуваме и пееме на француски јазик„ што ја организираа учениците што го изучуваат францускиот јазик.
Приредбата се организираше по повод одбележување на месецот на франкофонија, а беа промовирани убавините на Франција, преку говор, песни и изложба на цртежи.
Јас сум тука затоа што во градот имаме паралелки кои го изучуваат францускиот јазик во ова основно училиште и во гимназијата “Гоце Делчев“. Благодарение на професорите по француски јазик, благодарение на родителите и учениците, јас сум денеска во Куманово. Децата учат брзо француски затоа што имаат добри професори. Редовно доаѓам во Куманово и тоа го правам со задоволство. Во ова училиште сум првпат. Во Македонија има многу франкофонски училишта, но за жал не можам да ги посетам сите - вели Сулигу.
Тој не го криеше задоволството од убавата приредба што ја одржаа учениците.
Јас и професорката Зорица Пиргановска работевме на подготовките за приредбата и останатите активности. Нашето училиште се вклучи во одбележување на месецот на франкфонија со повеќе активности. Ја издвојуваме приредбата, а беше распишан и литературен и ликовен конкурс за учениците на тема „Читаме, пишуваме, пееме„ - вели Елизабета Костиќ, заменик директор на училиштето.
Вообичаено месец март е месец на франкофонија, и тогаш се прават низа настани за промоција на францускиот јазик низ Македонија.