×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Француски авантуристи со „пежо 205“ донесоа училишен прибор за учениците во Крива Паланка

    10.08.2019 07:05 | KumanovoNews

    Три тони училишен прибор и материјали, надгледни средства и спортска опрема за учениците во Основното училиште „Јоаким Крчовски“, донираа учесниците на шестиот автомобилски караван „Еуроп- Раид“, кои со 260 возила „пежо 205“ пристигнаа во Крива Паланка.

    Француски авантуристи со „пежо 205“ донесоа училишен прибор за учениците во Крива Паланка

    Помошта е наменета, пред се, за учениците од руралните средини, а ја обезбедија млади луѓе од Франција- 860 авантуристи, кои со своите автомобили ќе поминат над 20.000 километри во 20 европски земји. Тргнале од Франција, на 27 јули, досега ги посетиле Швајцарија, Италија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Грција, ќе продолжат преку Бугарија и Романија, а турата на 18 август ќе ја завршат во близина на Париз.  Македонија им е 11. земја каде што престојуваат.

               „Нашата идеја е да патуваме и да ги посетиме земјите од Европа, а воедно секој ден избираме по еден град во земјите од Западен Балкан, каде што ја донираме нашата помош. Кога биравме град во Северна Македонија, се консултиравме со Амбасадата на Франција, која  ни ја посочи Крива Паланка како франкофонска лулка каде учениците и професорите се многу активни и ја шират француската култура, па затоа ние со задоволство дојдовме во оваа општина. Идејата ни е да посетиме што повеќе земји. Младите луѓе и авантуристи од сите земји сакаат да патуваат низ светот и да уживаат во природните убавини, да се запознаваат со културата и традицијата на овие земји и воедно да донираат. Донесовме три тони училишен прибор и спортска опрема за вашите ученици, - изјави Бенџамин Ландан, претседател и организатор на "Еуроп- Раид".

      Домаќин на аванатуристите беше општина Крива Паланка, а градоначалникот Бојанчо Мицевски, не го криеше своето задоволството, што токму неговата општина е дел од една несекојдневна голема европска авантуристичка и хуманитарна мисија.

               „Оваа голема автомобилска авантура шири мир и пријателство со луѓето од Европа и светот, а ние сме горди што токму Крива Паланка е избрана за град во нашата земја, каде што предстојуваат младите авантуристи од Франција. Многу не задолживте како земја и ние ќе бидеме почитувачи на оваа Ваша благородна идеја што ја ширите, - изјави градоначалникот Мицевски.

           Како посебен куриозитет, тој им посочи на француските пријатели дека во рамките на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“ во изминатите 33 години француските ликовни уметници, кои учествувале на оваа манифестација, создале врвни дела, а сликарот Мишел Раби толку се вљубил во манастирот, што пепелта после неговата смрт е распослана на падините на Осоговијето како негово вечно почивалиште каде нашол мир и спокојство.

           Амбасадор Кристијан Тимоније истакна дека овој преубав настан отвара можности за запознавање на природните убавини, културите и знаменитостите на европските и балканските земји,што сите ќе ги паметат.

               „Пријателството и блискоста на нашите земји ќе продолжиме да ги градиме во сите сфери на соработка и реализација на заеднички проекти. Особено сум почестен од иницијативата на градоначалникот да станам почесен граѓанин на Крива Паланка и со гордост ќе ја носам оваа титула. Франкофонството во оваа општина е силна врска која ја поврзува Крива Паланка  со нашата земја и секогаш сме подготвени да ја подржиме“,- изјави амбасадор Тимоније.      

         За овој настан општина Крива Паланка, заедно со волонтерите на Опшинската организација на Црвен крст организираа сместување на учесниците и нивните автомобили на повеќенаменското игралиште во спортскиот комплекс. Импресивна беше глетката на огромен број паркирани возила, поставени шатори, подвижни тоалети и тушеви, додека француските авантуристи уживаа во престојот и се забавуваа под светлината на ламбите и ѕвезденото небо, одморајќи во свежината на планинскиот воздух. Учесниците, главно млади луѓе од 20-23 години, истакнаа дека се презадоволни  од организацијата и пречекот на општина Крива Паланка на нивната тура.        

                „Овој спектакуларен пречек и вниманието кое ни го посветија граѓаните не задолжува да ја промовираме Македонија и Крива Паланка и нашата соработка ќе продолжи. Радосни сме што денес можевме да усреќиме голем број ученици, особено од руралните средини, со што ја постигнавме нашата цел заради која ја реализираме оваа автомобислка рута“- вели Жерамин Ландан, еден од организаторите на Еуроп-Раид“.

         Кривопаланчани, пак, дадоа огромна поддршка на француските авантуристи и покажаа невиден интерес за овој несекојдневен настан. Францускиот амбасадор Тимоније и учесниците на „Еуроп-Раид“ беа пречекани со франкофонски музички хепениг во дворот на ООУ„Јоаким Крчовски“, а на повеќенаменското игралиште се одржа и културно-уметничка програма на која учествуваа фолклорните друштва од општината, додека во ноќните часови сите се забавуваа на голема журка со диџеи.

        Членките на Клубот „Достоинствен живот“ од Црвениот крст на Крива Паланка,  го заокружија пречекот со автентични кривопаланечки специјалитети наменети за француските гости.

               „Ова е извонредно дружење,се запознавме и се спријателивме со овие млади луѓе, кои шират прекрасна идеја за меѓународната солидарност, што треба да ни биде пример на сите“. Импресиониран сум, никогаш не сум видел толку возила „пежо 205“ на едно место, вели Борче Петковски. 

        Откако преноќиа во Крива Паланка, учесниците на големиот Европски авантуристички автомобилски караван "Еуроп раид", го продолжиа патувањето низ Бугарија. На својата авантуристичка тура тргнаа 260 екипажи кои ќе донираат вкупно 17,5 тони училишна и спортска опрема во неколку балкански земји.