Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фабриката за заварени цевки и профили "11 Октомври" е првата фирма во градот што доби интегрирана еколошка дозвола. Оваа дозвола треба да помогне во спречување и контрола на воздушното загадување.
"Целта на овој дел од законодавството е преку интегриран и транспарентен пристап да се издаде дозвола со која ќе се опфатат сите аспекти на работа на една компанија. Исто така, со овие дозволи ќе се направи чекор повеќе за воспоставување на рамнотежа во заштитата на животната средина" велат од Министерството за животна средина.
Досега Министерството има издадено вкупно 17 еколошки дозволи. Сите тие што нема да се придржуваат според регулативите на еколошката дозвола, парично ќе се казнуваат, а висината на казната ќе достигнува и до 200 илјади евра.