×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ФЗОМ апелира до граѓаните да не наседнуваат на измама преку лажна интернет страница

    25.03.2025 15:58 | KumanovoNews

    Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги предупредува граѓаните дека преку лажна страница се одвива сериозна измама.

    ФЗОМ апелира до граѓаните да не наседнуваат на измама преку лажна интернет страница

    Страницата fzom.net бара од граѓаните да ги остават своите лични податоци, како и инфомрации за банкарскји сметки и кредитни картички.

    „Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните“, предупредуваат од ФЗОМ.

    Посечената лажна веб- страница се обидува да добие: лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса), податоци за здравствено осигурување, податоци за банкарски сметки и кредитни картички, кориснички имиња и лозинки.

    ФЗОМ ги предупредува граѓаните да не ги внесуваат своите лични податоци на веб-страницата fzom.net. Официјалната веб-страница на фондот е исклучиво fzo.org.mk.

    Се препорачува внимателна проверка на веб-адресата пред да се внесат какви било лични податоци, граѓаните да не кликаат на линкови од сомнителни е-пошти или пораки, да не се споделуваат кориснички имиња и лозинки со никого, да се пријават сите сомнителни активности на ФЗОМ или во најблиската полициска станица. Се нагласува дека официјалната веб страна на ФЗОМ никогаш нема да побара внесување на банкарски податоци.

    ФЗОМ веќе презема мерки за да ја блокира оваа лажна веб-страница и да ги заштити граѓаните. Фондот соработува со надлежните органи за да ги идентификува и казни сторителите на оваа измама, се вели во обраќањето до јавноста.

    За дополнителни информации граѓаните можат да се обратат на официјалната страница fzo.org.mk, на мејл адресата [email protected] или на телефонскиот број 02/3289-000.