Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска и во наредните два дена геомеханички истражни работи ќе се изведуваат на автопатот Куманово - Скопје, кај наплатна рампа Романовце.
Работите ги изведува фирмата “Геинг“ од Скопје од 6 до 19 часот. Поради тоа на автопатот ќе има изменет режим на движење и едната сообраќајна лента ќе биде затворена.
По завршување на истражувањата ќе биде изработен проект за рехабилитација и реконструкција на патниот правец Миладиновци - Куманово.