Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Александра Ѓеорѓиевска, кандидат за советник од независната политичка опција “Кога ако не сега“ на прес - конференција денеска обвини дека Општина Куманово се дави во долгови, а сметката на општината е блокирана.
Г-дине Дамјановски, ја барате поддршката на граѓаните, а локалната самоуправа е во колапс,сметката на општината е блокирана, должите и на изведувачите за базенот, за улиците и за сите инфраструктурни проекти кои ги отпочнавте пред изборите. Вашиот кумашин – директор на јавното претпријатие “Водовод“, должи на секоја фирма во градот. Долгот што го има ЈП“Водовод“ кон добавувачите достигна 3 милиони евра, а должи и на „Кумановско Липковско Поле “. Споровите со Водостопанство “Кумановско - липковско поле“ ова претпријатие ги губи од чисто инаетење и ароганција, наместо веднаш да ги плати фактурите по 4.2 денари по метар кубен, се пуштаат по 2.2 денари по метар кубен. Откако го губите спорот веднаш ви ја блокираат сметката и пак ви ги земат тие 2 денари по метар кубен што не сакате веднаш да ги платите и плус на тоа ви земат судски такси, камати и останати трошоци - вели Ѓорѓиевска.
Таа додава дека вработените во “Куманово паркинг“ со месеци не земале плата, а Дамјановски иако ветил дека селата ќе добијат патишта, водовод, канализација, ништо од тоа не остварил.
За едношалтерскиот систем Ѓеорѓиевска го прашува градоначалникот зошто досега не вовел ваков начин на работа.
На кандидатот Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО - ДПМНЕ му порача конечно да се појави на последното соочување кое го прави утре јавниот сервис.