Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Роднини испотепеле сопственици на авто-работилница, затоа што не им дале акумулатор и алат сами да го поправат возилото.
Инцидентот се случил вчера околу 14,30 часот, на м.в. „Говедарски Пат“, во близина на Филтер станицата во Куманово, кога А.Љ.(17) од Куманово отишол во работилницата на Џ.Љ.(52) за да побара акумулатор и алат за работа. Кога синовите на газдата, Г.Љ.(35) и Р.Љ.(42) не му го дале алатот, момчето си заминало и по кратко време се вратило заедно со неговиот чичко Р.Љ.(34) и неговите браќа Е.Љ.(42) и Џ.Љ.(39). Меѓу двете групи мажи прво настанала расправија, која потоа прераснала во тепачка, во која била употребена и дрвена палка. Во пресметката еден од газдите на работилницата Г.Љ. се здобил со тешка телесна повреда на рака. Тој е пренесен во Кумановската болница, а лекарска помош побарале и останатите учесници во тепачката.
Од СВР Куманово се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.