Ги оставил мигрантите во автомобил и побегнал
22.07.2013 11:17
| KumanovoNews
На магистралниот пат Скопје - Куманово, викендов кај Агино село се фатени мигранти во возило „застава 128„, откако возачот побегнал и ги оставил сами.

Љ.С.(28) од Куманово кој превезувал мигранти од Скопје, кај селото Дељадровци го стопирала полиција, но тој наместо да застане почнал побрзо да вози. Кај Агино село го оставил автомобилот во кој имало тројца Авганистанци и побегнал. Мигрантите се пренесени во Прифатниот центар во Скопје. Полицијата работи на документирање на случајот и пронаоѓање на возачот.