Гимназијалци ќе заминат на размена во Швајцарија
20.11.2013 13:32
| KumanovoNews
40 ученици и 5 професори од Гимназија “Гоце Делчев“ од 25 ноември до 12 декември ќе бидат на размена во Троген, Швајцарија.

“Гоце Делчев“ е единствено училиште од земјава кое годинава заминува на интеркултурната размена во Троген. Таму ќе се оддржуваат работилници и учениците ќе можат да разменат искуства со врсници од други земји - вели Александра Маневска, координатор и супервизор на проектот.
Интеркултурната размена се реализира со помош на Детската фондација “Песталоци“.