Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од гимназијата „Гоце Делчев„ во хуманитана акција собрале над 200 пакети облека и обувки.
Помошта денеска беа предадени во Црвен Крст, а потоа ќе бидат поделени на сиромашни семејства. Акцијата е направена на ицијатива на одговорните служби во гимназијата.
Ваква акција е организирана повеќе пати, но вчера беше во голем обем. Масовно донираа ученици од прва до четврта година. Акцент беше ставен на собирање на облека, обувки и книги. Книгите ќе останат во нашата училишна библиотека. Сите други работи ќе ги предадеме на општинска организација на Црвен Крст и тие ќе ги дадат на граѓаните на кои ова им е потребно - изјави Драган Илиевски, професор одговорен за соработка со Црвен Крст.
Тој додава дека се собрани 200 пакети, а од Црвен Крст велат дека оваа помош ќе им биде поделена на поголем број загрозени семејства.