Мени

Гимназијалците од „Сами Фрашери“ ќе даруваат крв

15.02.2016 10:04 | KumanovoNews

Во Гимназијата „Сами Фрашери“ утре ќе се одржи крводарителска акција.

Гимназијалците од „Сами Фрашери“ ќе даруваат крв

Учениците ќе даруваат крв од 13 до 16 часот и се очекува да бидат собрани 20 крвни единици. Од Црвен Крст Куманово информираат дека во четврток крв ќе даруваат учениците од албанските паралелки од „Наце Буѓони“.