Гимназијалците во посета на своите врсници во Франција
01.11.2013 09:10
| KumanovoNews
Од денеска до 12 ноември ученици од билингвалната паралелка од гимназијата “Гоце Делчев“ и нивните професори ќе бидат во посета на училиште во Дулен, Франција.

За време на престојот во Дулен ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу двете училишта.
Во Франција ќе заминат 30 ученици и 4 професори. Ќе го презентираме културното наследство на Куманово, ќе има спортски и образовни активности. Тоа е училиште во кое се образуваат гимназијалци и ученици од други струки - вели директорот Љубиша Николиќ.
Лани претставници од тамошното училиште беа во посета на кумановската гимназија.