Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Гимназија “Гоце Делчев“ се оддржа хуманитарен турнир во стрелаштво на кој најдобри беа Драгослав Бошковски, втор беше Иван Станковски и трет Мартин Ангеловски.
На натреварот се вклучија триесетина ученици, а најдобрите добија дипломи од Црвен Крст.
Јас сум прв со 76 круга. Од второ одделение се занимавам со стрелаштво во Пионерски дом во клубот “Куманово 2000“. Од резултатот кој денеска го постигнав сум презадоволен - изјави Драгослав Бошковски, ученик во прва година.
Професорот по одбрана и заштита Драган Илиевски вели дека интерес за стрелаштво има и секоја година формираат по осум групи со минимум 20 ученика.
Најголем дел од часовите ги реализираме во сабота кога учениците не се на настава, или меѓу часови. Во април месец секоја година организираме натпревар помеѓу години. Од секоја година по три машки и по три девојчиња се пријавуваат. На крај прогласуваме по години најдобри и бираме најдобар стрелец поединечно од машките и од женските на ниво на училиште. Сум задоволен, ние секоја година учествуваме и на државен натпревар, бевме во Охрид лани и доаѓаат ученици професионалци кои по десетина години имаат тренирано во спортски стрелачки клубови. Тие постигнуваат резултати како на балкански првенства - вели Илиевски.
Од Црвен Крст објаснуваат дека за учество на турнирот учениците плаќаа симболична сума и парите собрани од спортот ќе бидат наменети за спортот. Турнирот е дел од проектите за промоција на хумани вредности кои се спроведуваат низ цела Македонија во сите 34 општински организации.
Ова е дел од проектот “Црвен Крст во акција - промоција на хумани вредности“. Парите собрани од овие активности ќе бидат наменети за промовирање на спортот меѓу младите во Општина Куманово. Ќе се направи подобрување на спортските катчиња. Ќе се вложи од спортот за спортот. Котизацијата за учество е 30 денари. Немаме возрасна категорија, учествуваа сите ученици што се на проектни активности во училиштето кај професорот Драган Илиевски. Целта ни е да се постигне масовност - рече Гоце Дамњановски, заменик - лидер на млади во Црвен Крст.
Ваков турнир за првпат се прави во Куманово. Освен учениците некои од професорите и волонтерите во Црвен Крст стрелаат и се дружеа додека траеше турнирот.