×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијата „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник

    05.05.2025 14:46 | Оливера Пешевска

    Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово денеска го одбележа патрониот празник со традиционалното положување на свежо цвеќе пред бистата на великанот. 

    Гимназијата „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник

    Пред присутните се обрати дирекораката Марија Тодоровска, која потсети на ликот и делото на Делчев.

    „Гоце Делчев светот не го гледал низ граници, туку низ можности. Бил повеќе од револуционер како пламен што горел за просвета, за правда, за достоинство. Неговите пораки се патоказ, компас за секој ученик што се бори за себе си и светот со тивка храброст, знаење и отворено срце. А ние тука, ја чуваме неговата светлина, преку сите оние млади очи што блескаат кога ќе откријат нешто ново, преку секој нивен успех, награда, апалуз што доаѓа не само после награди, туку и од животот. Нашите ученици не само што освојуваат награди, освојуваат доверба, иднина, свет“, потенцираше Тодоровска.

    Таа најави дека со почетокот на следната учебна година 2025/2026 ќе започне и 80- годишнината од постоењето на кумановската Гимназија- храм на знаење, вредност и човечност, каде сите заедно ја градат иднината.

    Беа поделени и благодарници за најуспешните ученици од минатата учебна година, Илина Арсовска, ученик во прва година во 2023/2024, Ива Додевска, кој лани учела во втора година и Јована Лазаревска, која сега е матурант.

    Дел од учениците рецитираа дел од македонското поетскот творештво посветено на Гоце Делечв, а настапи и матичниот оркестар и хор „Симфониум“.
        
    На свеченоста присуствуваа претставници од општинската администрација, на јавни установи и институции, како и членови на наставниот колектив и ученици на средното училиште.