×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијата „Гоце Делчев“ подготвена за новите ученици, од есен со новa паралелкa на англиски јазик

    07.05.2025 07:52 | Оливера Пешевска

    Гимназијата „Гоце Делчев“ организираше отворен ден за идните средношколци, на кој на повеќе различни штандови беа претставени можностите и капацитетите на училиштето.

    Гимназијата „Гоце Делчев“ подготвена за новите ученици, од есен со новa паралелкa на англиски јазик

    Во новата учебна 2025/2026 година има слободни места за 306 ученици во 9 паралелки. Од тоа предвидени се 6 паралелки со 204 ученика за настава на македонски, и 34 ученика во една паралелка на српски јазик.

    Новина од оваа година е што се воведува во билингвалната програма во паралелка на англиски јазик, со 34 ученика.

    „Законот пропишува најмалку 30 проценти од наставата да се одвива на англиски, но ние сме подготвени со обучен, квалитетен кадар да можеме да покриеме и 100 посто од наставата на англиски. Билингвалната на француски јазик постои и работи во последните 24 години, започнавме во учебната 2000/2001 година, а продолжуваме и понатаму со спроведување на овој програм“, вели директорката Марија Тодоровска.

     Таа додава дека заинтересираноста за упис во српската паралелка секоја година расне, бидејќи учениците добиваат двојазични дипломи, а имаат подеднакви шанси за бесплатно студирање и во Македонија и во Србија.

    На отворениот ден во салата за физичко образование имаше посета на деветооделенци од сите училишта од градот, почнувајќи од најблиските „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, преку „Вук Карџиќ“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“ и други.

    Активот по физика ги изложи проектите на кои работеле и освојувале награди на државни и меѓународни натпревари, хемичарите изведуваа лабораториски вежби, филолозите со претставување на традицијата на различни земји го приближуваа изучувањето на страниот јазик до своите идни соученици.

    „Ние го претставувам јазично- уметничкиот смер, англискиот јазик е потребен во повеќе струки, вклучувајќи и природните науки, медицината, правото итн. Верувам дека што повеќе имаме интеракција со луѓе од други нации дотолку повеќе се развиваме себеси, како луѓе и како професионалци“, истакна Мила Смилевска, ученичка од трета година.

    Во Гимназијата наставата е поделена на повеќе смерови: природно математички смер, општо- хуманистички, јазично- уметнички. Во неа се подготвуваат идните академски граѓани на државата, затоа што добиваат општо образование, се изучуваат повеќе природни науки, социјални и хуманистички предмети. Има и бројни вонучилишни активности и еден од најдобрите ученички парламенти во државата. Годинава се пласираа меѓу најдобрите 6, и учествуваа во финалните натпревари во Кавадарци.

    „Отсекогаш било гордост да кажеш дека си гимназијалец, и по 19 години од матурирањето се уште ми е гордост да кажам дека тука матурирав. Еве со ќерка ми Анастасија дојдовме, да ја упатам и покажам што се може да добие доколку се запише тука. Изборот е нејзин, одлична ученичка е, не би требало да биде проблем уписот“, истакна мајка која го посети „Отворениот ден“.

    За запишување во Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово потребни се максимум 60 поени.