×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијата од ЗИК ќе се сели во Бедиње

    14.11.2014 16:21 | KumanovoNews

    Гимназијата „Сами Фрашери„, која сега работи во поранешната зграда на ЗИК,  наредната учебна 2015/16 година најверојатно ќе ја започне во нови простории во комплексот средни училишта во касарната Бедиње.

    Гимназијата од ЗИК ќе се сели во Бедиње

    Одлуката ќе треба да ја донесе Министерството за образование, откако на денешната седница советниците едногласно ја подржаа инцијативата за дискокација на училиштето.

    Ние како локална самоуправа имаме задача да донесеме детален урбанистички план во наредниот период, а потоа да издаде одобрение за градба. Ќе се пренаменат неколку парцели за новите потреби, а таму веќе постојат објекти кои ќе бидат реконструирани и доградени по стандарди и нормативи неопходни за нормално одвивање на наставата. На таа локација веќе се наоѓаа факултет и едно средно училиште,- вели Лидија Ланг Спасовска, раководител во секторот за урбанизам.

     Неколкуте објекти кои ќе станат училишни згради биле планирани за здравствени установи и за потребите на локалната администрација. Со дислокација на училиштете од ЗИК, ќе се реши повеќе годишниот проблем за одвивањето наставата во несоодветни услови и за решевање на сообраќајниот хаос во тој дел од градот.