Гимназијата се збратими со училиште од Турција
01.06.2013 09:53
| KumanovoNews
Гимназијата “Гоце Делчев“ се збратими со Гимназијата “Анадолу“ од турскиот град Киркларели.

Таа соработка ќе значи размена на наставници, ученици, размена на проекти, искуства, соработка на заеднички теми. Ние бевме во посета кај нив и меморандумот го потпишавме во текот на минатата недела. Имаме допирни точки пред се во самото образование. Станува збор за гимназија која брои 600 ученици и по програмата се доста слични со она што ние го работиме - вели Александра Маневска, професор по англиски јазик.
Гимназијата досега има низа збратимени училишта од Франција, Хрватска и други земји.