Ѓорѓиевска негира дека Салиевски нападнал активисти на СДСМ во Средорек
Носителката на листата на советници на Движењето ЗНАМ, Ивана Георгиевска, ги отфрли обвинувањата на кандидатот за градоначалник Мартин Костовски, дека нивниот кандидат за советник Самет Салиевски нападнал членови на СДСМ во населбата Средорек.

„Целосна лага се обвинувањата кон нашиот кандидат Салиевдски дека нападнал еден од членовите на изборниот штаб на Костовски. Вистината е дека тој бил сведок на расправија помеѓу активистите на СДСМ во близината на неговиот дом. Во меѓувреме, станал цел на вербални провокации на кои реагирал смирено и воздржано“, кажа Ѓорѓиевска.
Таа додаде дека изјавата на Костовски е очајнички обид со лаги и манипулации, на низок и дрзок начин, да добие ситни поени пред јавноста, а ваквите потези се резултат на агонијата поради анкетите кои покажувале дека ги очекува убедлив пораз.