×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Гладно поле„ ќе добие водовод и канализација?

    26.01.2012 16:14 | KumanovoNews

    ЈП „Водовод„ годинава планира да изгради водоводна и канализациона мрежа во повеќе населби и улици во градот.

    „Гладно поле„ ќе добие водовод и канализација?

     По долги години вода ќе добијат Гладно Поле и Спомен Косттурница, како и на улиците „Стојан Сликар„, „Перо Тошев„, а на фекалната канализациона мрежа ќе се приклучат жителите на улиците: „Гладно Поле„ „Стојан Сликар„, „Перо Тошев„ и „25 Февруар„.

    Според годишната програма на претпријатието за оваа намена ќе бидат потрошени околу 30 милиони денари, од вкупно 180 иљади денари што се предвидени за целокупната работа.

    Реализацијата на овие проекти највеќе ќе зависи од обемот на сретствата со кои ќе располага ЈП „Водовод„, но ќе се сконцентрираме на хроничните проблеми, а тоа е дел од централното градско подрачје каде што има застарена мрежа, и воведување на мрежи во приградските населби- вели директорот Виктор Божиновски.

     Се планира и реконструкција на централниот доводен цевковод во соработка со Водостопанство „Кумановско-липковско поле„.

    Еден од најголемите проблеми со кои треба да се справи претпријатието во оваа година е спречување на губитоците и кражбите на вода од граѓаните, кои сега изнесуваат 54 проценти.