Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец натепал газда затоа што го отпуштил од работа.
Инцидентот се случил мината недела на ул.„Индустриска“, во кругот на терминалот на „Агро Куманово“.А.М.(48) изреволтиран поради тоа што Д.С.(52) го избркал од работа, физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. Потоа влегол во неговото возило и со голема брзина удрил во предниот дел она џипот на бившиот газда. За да се пресмета до крај, земал штрафцигер и се обидел да го прободе Д.С., но го спречил еден од вработените, кој е повредн. Напаѓачот со штрафцигерот му нанел видлива повреда на Т.И. во пределот на левата рака, а потоа влегол во неговото возило и повторно удрил во возилото на Д.С. и си заминал. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М. за сторено кривично дело „насилство“.