Го удрил со шише по глава откако се скарале
04.11.2013 13:15
| KumanovoNews
И.Д.(30) од Куманово го претепал И.Б.(27) во кафе барот “Клуб“ откако се скарале.

Инцидентот се случил во септември, во 3 часот по полноќ, поради банална расправија. И.Д. физички го нападнал И.Б. нанесувајќи му тешки телесни повреди со удари со тупаници и со стаклени шишиња. Кога дошла полицијата обезбедувачот во објектот Р.И.(26) излажал дека напаѓачот не бил во објектот за време на тепачката.
И.Д. ќе одговара за нанесување на “тешка телесна повреда“, а Р.И. за “помагање на сторителот во извршено кривично дело“.