Мени

Го врзал со самолеплива лента и го ограбил

02.10.2017 13:00 | KumanovoNews

Вооружен разбојник ограбил кумановец на викендичка во кумановското село Шупљи камен, пa му го одзел и автомобилот.

Го врзал со самолеплива лента и го ограбил

Нападот се случил вчера во 12.10 часот, додека С.Т.(56) и неговата сопруга В.П.(58) од Куманово, биле во дворот од нивната викенд куќа и дошло непознато лице.  Со закана со пиштол го внел С.Т. во викендицата, по што му ги врзал рацете и нозете со самолеплива лента. Потоа, одзел паричник кој бил на масата и во кој имало 300 денари и лични документи, два мобилни телефони, а на крајот го одзел и нивното возило Опел астра, во кое имало паричник со околу 500 денари и лични документи.

 Разбојникот потоа побегнал.

Извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето како и целосно расчистување на случајот.